Утрински Весник
Спорт

Навивачи на натпреварот МЗТ-Еуро Никел, интервенираше полицијата

Навивачи на натпреварот МЗТ-Еуро Никел, интервенираше полицијата

Речиси цела трибина навивачи имаше во салата „Јане Сандански“ на мечот меѓу МЗТ-Еуро Никел, иако присуство на навивачи не е дозволено на натпревари во затворени сали.

Навивачите беа во салата од почетокот на натпреварот, а интервенираше и полицијата која во салата беше присутна во мал број.

Непознато е кој дозволи навивачитe да влезат на трибините, а натпреварот беше прекинат. Ова следува откако полицијата се обидуваше да воспостави ред и да ги спроведе протоколите, односно со опомени да ги извади навивачите надвор. Но, безуспешно. Нема информација дали се изречени и казни.

Ова е првиот натпревар од последната сесија на првата македонска кошаркарска лига. МЗТ е домаќин на натпреварот, а сопственик на клубот е Општина Аеродром.

> Навивачи на натпреварот МЗТ-Еуро Никел, интервенираше полицијата <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен