Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кипар и на Иран

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кипар и на Иран
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Кипар и на Исламската Република Иран, во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Димитриос Теофилакту, новоименуван амбасадор на Република Кипар, со седиште во Белград, претседателот Пендаровски истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во август 2019 година, се создадоа неопходните услови за интензивирање на политичкиот дијалог и за продлабочување на меѓусебните односи и соработка.

„Конкретно, со задоволство сакам да ја констатирам нашата подготвеност за интензивирање на економската соработка, со цел целосно искористување на економските потенцијали на нашите две земји, поттикнување на трговската размена, инвестициите, како и меѓусебната координација во развојот на туризмот“, рече Пендаровски.

Тој ја истакна континуираната поддршка на Кипар за евроинтегративниот процес на нашата земја и додаде дека очекува засилено афирмирање на поддршката во европските институции во периодот којшто следи.

Амбасадорот Теофилакту потенцираше дека пристапувањето на Северна Македонија и останатите земји кандидати од Западниот Балкан во Европската Унија, е висок приоритет и дека може само да придонесе кон стабилноста и просперитетот на регионот и Европа.

Оценувајќи дека двете земји во изминатиот период изградија конструктивни односи, претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Сејед Мохамад Џавад Расули, новоименуван амбасадор на Исламската Република Иран, со седиште во Софија, истакна дека тие односи се темелат на меѓусебно разбирање и на почит.

Истакнувајќи дека двете земји имаат долга историја и голем потенцијал за проширување на односите, амбасадорот Расули рече дека на економско поле постојат многу капацитети и области за соработка.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!