Утрински Весник
Македонија

Во Истанбул уапсен Македонец кој бил важен соработник на Седат Пекер

Во Истанбул уапсен Македонец кој бил важен соработник на Седат Пекер

Македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер е уапсен денеска во Турција, пренесуваат турските медиуми.

Станува збор за извесен Бобан Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, а бил приведен на аеродромот во Истанбул при обид да замине во Египет и се очекува в сабота да биде испорачан во земјава.

Според турските медиуми, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Исто така се наведува дека Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале во периодот кога туркиот бос престојувал во Македонија.

„Томовски, споделувал многу објави со Пекер на неговите профили на социјалните мрежи, а имал и многу влезови и излези од Турција“, посочуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

СДСМ: Шест недели нема објавен извештај за водата во Гостивар

Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар

ДОМ: Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има!