Врховниот суд на САД донесе пресуда дека „Џонсон и Џонсон“ треба да платат вкупно 2 милијарди долари отштета на жените кои тврдат дека заболеле од карцином на јајчници заради употреба на талк на компанијата.
Судиите денеска не коментираа за одбивањето на жалбата поднесена од компанијата „Џонсон и Џонсон“.
Компанијата тврди дека немала фер третман во судењето во кое биле вклучени 22 жени заболени од рак, од различно потекло од 12 различни земји.
Поротата од Мисури првично им додели отштета од 4,7 милијарди долари на жените, но Апелациониот суд ги одби тужбите на две жени и го намали обесштетувањето на две милијарди долари.
Талкот произведен од „Џонсон и Џонсон“ содржи азбест, а азбестот може да предизвика рак на јајчници, утврди поротата, додека компанијата ги оспори двете точки.
„Џонсон и Џонсон“, со седиште во Њу Брансвик во државата Њу Џерси, престанаа да ја продаваат својата позната бебешка пудра во САД и Канада, додека се уште е на пазарот на други места во светот.