Утрински Весник
Магазин

Метју Пери ја раскина свршувачката со Моли Хурвиц

Метју Пери ја раскина свршувачката со Моли Хурвиц

Sвездата од „Пријатели“ Метју Пери (51), кој ја запроси книжевната менаџерка Моли Хурвиц ( 29) во ноември минатата година, ја потврди разделбата во изјава за „Пипл“ во вторникот.

Актерот неодамна ги загрижи фановите со својот нејасна реторика во текот на специјалната епизода на „Пријатели“.

А сега, во интервју за „Пипл“ тој рече: „Понекогаш работите едноставно не функционираат и ова е една од нив. Ѝ посакувам најдобро на Моли.“

Минатиот ноември, по многуте заплети, расплети и прекини, Метју(51) се сврши со долгогодишната девојка Моли, која е 22 години помлада од него.

Актерот ја раскинува свршувачката неколку недели откако таблоидите открија дека флертува со млади девојки преку апликацијата за запознавање со селебрити-личности Rayа, и откако ги загрижи фановите во најновата дружба на шесте ѕвезди пријатели.

Разделбата доаѓа само неколку недели откако се обелодени веста дека Пери ја користел апликацијата Raya каде наводно, флертувал со 19-годишна девојка и ја прашал: „Дали сум стар колку татко ти?“

Тик-токерката Кејт Харалсон, која сега има 20 години, минатиот месец сподели свое видео со натпис: „Кога поради шега, се запознавате со Метју Пери во забавна апликација, а тој ви поставува 20 прашања“.

Харалсон, која имала 19 години кога Пери првпат ја контактирал, изјави дека сака да покаже како постарите мажи во Холивуд ги експлоатираат помладите жени преку апликации за запознавање.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста