Утрински Весник
Свет

Во Албанија запленета голема количина на експлозив

Во Албанија запленета голема количина на експлозив

Албанската полиција извести дека запленила голема количина на експлозив а притоа биле уапсени познати криминалци, и бил одземен целиот арсенал на оружје.

Полицијата заплени 4,6 килограми експлозив во Драч и уапси три лица, информираат истражните органи во Албанија.

Од таму дообјаснуваат дека заплената на експлозивот се случила во акција чија цел била спречување на трговијата со оружје и луѓе, а покрај експлозив биле запленети и три гранати, еден калашников, четири мобилни телефони, пет детонатори и едно возило, пренесуваат албанските медиуми.

Се наведува дека еден од уапсените, маж од Тирана, веќе и бил познат на полицијата поради нелегално поседување на оружје.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево