Претстојната драма „Татковство“ ќе има премиера на стриминг-платформата Нетфликс за време на викендот на Денот на таткото, пренесува „Вараети“.
Филмот на „Сони Пикчрс“првично требаше да се појави во киносалите на 16 април. Сепак, со оглед на фактот тшто речиси 50% од кината во САД остануваат затворени поради пандемијата, студиото потпиша договор за лиценцирање со „Нетфликс“. „Татковство“ ќе дебитира на стриминг платформата на 18 јуни.
Емотивна вистинска приказна за вдовец кој презема една од најтешките работи во светот – татковство, односно да ја воспитува својата мaла ќерка како самохран родител.
Филмот е во режија на Пол Вајц („Американска пита“), а ѕвездата комичар Кевин Харт е во главната улога.
Тој станува самохран татко по неочекуваната смрт на неговата сопруга, која починала еден ден по раѓањето на нивната ќерка. Филмот е снимен според книгата мемоари „Два бакнежи за Меди“ од Метју Логелин.