Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Не преговараме за откажување од суверенитетот и интеграција со Русија

Лукашенко: Не преговараме за откажување од суверенитетот и интеграција со Русија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потврди дека немало разговори со Москва за тоа Белорусија да се откаже од својот суверенитет, во контекст на интеграцијата со Русија и дека економијата е главна тема во односите меѓу двете земји.

„Нема индиции дека би можеле да се откажеме од нашиот суверенитет и независност. Ова дури и не се споменува. Ние воопшто не разговаравме за ова“, рече Лукашенко денеска на состанокот за прашања во руско-белоруската соработка, пренесува ТАСС.

Според Лукашенко, и покрај западните провокации и напади, економијата останува главна тема на агендата во односите меѓу Минск и Москва.

„Решаваме специфични прашања што ќе ни помогнат да се приближиме до Руската Федерација. Ќе повторам, ни треба само едно, еднакви услови за економски субјекти, поединци“, објасни белорускиот претседател.

Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа во петокот во Сочи, по утринскиот состанок на шефовите на влади на ЗНД во Минск.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина