Утрински Весник
Свет

EЦДЦ: Децата од 12 години да се вакцинираат само кога се изложени на сериозни ризици

EЦДЦ: Децата од 12 години да се вакцинираат само кога се изложени на сериозни ризици

Земјите од Европската унија треба да го земат предвид глобалниот недостиг на вакцини против Ковид-19 пред да започнат да вакцинираат адолесценти, објави денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (EЦДЦ).

Минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри вакцините на „Фајзер“ / „Бионтек“ за деца на возраст од 12 години.

Претходната препорака на ЕМА беше овие вакцини да им се даваат на тинејџери постари од 16 години.

ЕЦДЦ повика на одложување на вакцинацијата на млади луѓе во богатите земји и наведе дека имунизацијата на адолесцентите треба да биде приоритет само кога се изложени на висок ризик од развој на сериозни симптоми на коронавирус.

ЕЦДЦ има советодавна улога во Европа во врска со вакцинацијата, која ја спроведуваат националните влади.

Студиите покажуваат дека повеќето луѓе на возраст под 20 години кои се заразуваат со коронавирус имаат благи симптоми, но ризиците се зголемуваат кај оние кои имаат невролошки или белодробни заболувања, соопшти ЕЦДЦ.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина