Утрински Весник
Македонија

Издавачки куќи наполниле милиони од Кембриџ учебниците на ВМРО-ДПМНЕ, стојат ли нивните интереси зад протестите?

Image 74 1024x576

Одредени компании на кои поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ им дозволила да остваруваат енормни профити од продажбата на учебници на државата, ги продавале истите учебници со значително пониски цени по книжарите, објави „360 степени“.

Од 2014 година кога се воведе Кембриџ програмата, издавачките куќи „Арс Ламина“ и „Арбериа дизајн“ оствариле највиски приходи од продажба на учебници на државата. „Арс Ламина“ има приходи од околу 18 милиони евра, додека „Арбериа дизајн“ околу 12 милиони евра, објави „360 степени“.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ дозволила овие две компании да го имаат монополот на т.н. Кембриџ-учебници, бидејќи според законот за еден наставен предмет може да се користи само еден учебник. Досега нивните договори за откуп на учебници од страна на државата само се обновуваа, а оваа година тие не ни ги започнаа преговорите со Министерството, откако им беше побаран доказ за авторски права и формула по која ја формираат цената за учебниците.

Како што се вели во објавата на „360 степени“, издавачката куќа „Арс Ламина“ учебниците на слободниот пазар, односно во книжарите ги продавала со цени значително пониски од тие кои ги продавала на државата.

Министерството за образование и наука во изминатиов период најави реформи во образованието и дигитализација преку воведување на дигитални учебници за учениците, што наиде на отпор кај одреден дел од родителите, поради што започнаа и протести.

Кога ќе се видат цените по кои поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ им овозможила на одредени издавачки куќи да ги продаваат учебниците на државата, се поставува прашањето дали зад протестите против дигитализацијата стојат токму овие интереси.

Можете да прочитате

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”