Утрински Весник
Македонија

(Видео) Детска забава во кабинетот на Артан Груби

(Видео) Детска забава во кабинетот на Артан Груби

По повод Меѓународниот ден на децата, Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, денеска беше преплавен од група на деца, кои во службените простории го прославија овој ден.

„Денес на 1 јуни, Денот на детето, мојата канцеларија ја исполнија токму тие. Забава, едукација, состаноци, задачи…Иднината им припаѓа на младите генерации“, напиша Груби на „Фејсбук“.

Меѓународниот ден на детето, прогласен од УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата, одржана во Женева, Швајцарија, традиционално се одбележува во многу земји во светот.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов