Утрински Весник
Свет

„Синофарм“ прави нова фабрика за вакцини во Вухан

„Синофарм“ прави нова фабрика за вакцини во Вухан

Кинеската компанија „Синофарм“ ќе почне со изградба на нова фабрика за производство на вакцини во Вухан, град за кој се верува дека е епицентар на коронавирусот, и ќе може да произведува милијарда дози годишно.

Кинескиот Институт за биолошки производи во Вухан не прецизираше кога фабриката ќе почне да работи со полн капацитет, пренесе „Ројтерс“.

Најавата за изградба на фабриката е голем проект на „Синофарм“, што е поддржан од државата, со цел да се направат три милијарди дози вакцини годишно.

Кина досега одобри три вакцини против Ковид-19 за општа употреба: Синофарм, Синовак, КанСино и уште три вакцини од домашно произведство за итна употреба.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат