Утрински Весник
Спорт

По хаосот во Колумбија и Аргентина, Бразил ќе биде домаќин на Копа Америка

По хаосот во Колумбија и Аргентина, Бразил ќе биде домаќин на Копа Америка
Dik 300x250 mk

Откако Аргентина и Колумбија не беа во можност да бидат домаќини на Копа Америка, Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) потврди дека Бразил ќе биде домаќин на континенталното натпреварување.

Колумбија има големи проблеми со анти-владините протести, а Аргентина мораше да се откаже поради пандемијата на корона вирус, но Бразил, домаќинот на последната Копа Америка во 2019 се јави како спас за натпреварувањето.

„ЦОНМЕБОЛ потврдува дека Копа Америка 2021 ќе се игра во Бразил со потврдени локации и стадиони. Најстарото репрезентативно натпреварување на светот ќе го восхити цел континент“,се вели во објавата на конфедерацијата.

> По хаосот во Колумбија и Аргентина, Бразил ќе биде домаќин на Копа Америка <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата

Ѓоковиќ ја освои 101та титула