Фудбалската репрезентација на Македонија, како дел од подготовките за настап на Европското првенство, утре ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари. Во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Словенија.
„Словенија е репрезентација која ни е доста добро позната, не очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овој дуел ќе биде добра подготовка за она што ќе не очекува во Букурешт“, изјави на прес конференцијата селекторот Игор Ангеловски и дополни.
„Фудбалот се игра за публика. Се надевам и очекувам да дојдат навивачи во што поголем број, да ја бодрат нашата репрезентација и нашите момци бидејќи тие тоа го имаат заслужено.“
Утрешниот натпревар ќе го пропушти Енис Барди. Фудбалерот на Леванте има позитивен тест на вирусот Ковид-19.
„Енис Барди се чувствува добро, нема симптоми, со нетрпение го очекуваме назад во составот, Се работи за еден исклучителен фудбалер кој е многу важен дел од овој тим“.
Натпреварот на арената „Тодор Проески“, утре ќе започне во 18 часот.
Фото/ffm.mk
> „Словенија ќе биде добар тест за она што не очекува во Букурешт“ <