Утрински Весник
Свет

Хотелите во Женева преполни пред самитот Путин-Бајден

Хотелите во Женева преполни пред самитот Путин-Бајден

Најмалку три хотели со пет ѕвездички во Женева се целосно резервирани за 15 и 16 јуни, кога ќе се одржи самитот на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден.

Во луксузните хотели во Женева, „Интерконтинентал“, „Претседателот Вилсон“ и „Бо Риваж“, сите соби и апартмани се резервирани, а сместување сè уште може да се најде само во помалите хотели, беше потврдено за дописникот на ТАСС.

Во овие три луксузни хотели се сместени скоро сите службени лица, важни учесници и гости на меѓународните самити и состаноци на највисоко државно ниво.

Швајцарските медиуми предвидуваат дека и рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден ќе бидат сместени во хотелот „Интерконтинентал“, кој се наоѓа недалеку од Палатата на нациите, европското седиште на светската организација и потсетуваат дека во истиот хотел престојувале советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган за време на историскиот самит во 1985 година.

 

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат