Утрински Весник
Спорт

Аргентина нема услови да биде домаќин на Копа Америка

Аргентина нема услови да биде домаќин на Копа Америка

Првенството на Јужна Америка нема да се игра во Аргентина. Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), бара друг домаќин, откако Аргентина прифати сама да го организриа шампионатот. Домаќини на Копа Америка требаа да бидат Аргентина и Колумбија, но пред десет дена КОНМЕБОЛ и ја одзеде организацијата на Колумбија поради политичките немири во земјата.

„Каква е здравствената ситуација, ќе биде многу тешко да се организира натпреварувањето“, рекол аргентинскиот министер за здравство Вадо де Педро.

Вчера, инспекторите на КОНМЕБОЛ, извршиле инспекција на стадионите на Естудиантес, Бока јуниорс и Велез Стардсфилд.

Аргентина нема доволно стадиони, кои ги исполнуваат стандардите за да може самостојно да го организира турнирот. По завршената инспекција, КОНМЕБОЛ, реши да бара друг домаќин.

Ова е проблем за КОНМЕБОЛ, бидејќи Копа Америка треба да започне за десет дена, но и за репрезентациите кои се подготвуваа за пат во Аргентина.

> Аргентина нема услови да биде домаќин на Копа Америка <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина