Утрински Весник
Македонија

По петчасовна операција, 39-годишна пациентка доби ново срце

По петчасовна операција, 39-годишна пациентка доби ново срце

Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово ѝ беше извршена трансплантација, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека тешката операција траела пет часа.

Рано утрово, Филипче напиша дека во тек е експлантација на срце која ја прават кардиохирурзите д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрезите, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти.

Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата држава.

Исто така, напиша Филипче, на двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.

„Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа“, напиша Филипче.

Можете да прочитате

Редакција на ИРЛ со фрапантни откритија за злоупотреба на брзи кредити

Во мојот случај со канцер, станува збор за лекарска грешка, сведочи онколошка пациентка во подкаст ЗРАК

(Видео) Подкаст ЗРАК: Секоја борба со канцерот е индивидуална и различа