Утрински Весник
Спорт

Гвардиола самиот е виновен за неуспехот, согласни критичарите

Гвардиола самиот е виновен за неуспехот, согласни критичарите

Со целосна почит кон новите шампиони, Челси, голем број на критичари сметаат дека Пеп Гвардиола со една мала промена на својот состав ги „уништи“ шансите на Манчестер сити за слава во Лигата на шампионите и за тоа е самиот виновен.

Последните пет месеци Манчестер сити „газеа“, влегуваа во ритам на теренот супер-лесно и ги газеа своите противници. На хартија имаше само една промена – Рахим Стерлинг беше стартер, а Фернандињо и Родри беа отсутни. Но, со овој потег, тој помести цела позиција во неговиот тим, влегувајќи во финалето без ниту еден дефанзивен играч од срениот ред, кој беше клучен за неговиот стил на игра.

Сити одиграа 60 меча оваа сезона и само еднаш стартуваа без Родри и Фернандињо, во ноември кога со 3:0 ги победија Олимпијакос во Лигата на шампиони. Но, Челси не се Олимпијакос.

Кевин де Брујне, Ријад Марез и Фил Фоден беа „задушени“ од фудбалерите на Челси, кои играа со ви соко темпо, а Рахим Стерлинг немаше шанси против Рис Џејмс. Дури и кога Де Брујне се повреди, Гвардиола реши да го внесе Габриел Жесус, а на половина час пред крајот, во игра влезе Фернандињо, и тоа беше предоцна.

Италијанската тренерска легенда, Фабио Капело веднаш го посочи тоа.

„Според мене, Гвардиола промаши со изборот на стартните 11. Гундоган пред одбраната не можеше да игра како филтер во средниот ред. Стоунс е играч кој не може да брани. Во второто полувреме изгледаа подобро, но им подарија 45 минути на Челси и лесно можеа да губат со 2:0 на полувреме“, оцени Капело.

> Гвардиола самиот е виновен за неуспехот, согласни критичарите <

Можете да прочитате

Вембањама подели 10 „банани“ и стигна до 200. тројка во НБА побрзо од Кари

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Огромна сума заработија Усик и Фјури