Утрински Весник
Магазин

Бил Козби останува во затвор

Бил Козби останува во затвор

Бил Козби нема да биде пуштен на условно оваа година, откако одби да учествува во програми за сексуални престапници.

Актерот (83) е во затвор од 2018 година. Тој беше осуден на 10 години откако беше прогласен за виновен по три точки за тежок сексуален напад.

Козби отворено се спротивстави на програмите и одби да ја признае вината, и покрај фактот дека тоа значи дека мора да ја издржува целата казна.

Козби ќе остане во затвор во Феникс.

Портпаролот на Козби, Ендру Вајат, ја нарече одлуката застрашувачка и рече дека Козби е невин.

Актерот, кој глумеше во серијата „Козби шоу“ од 1986 до 1992 година, се надева дека Врховниот суд ќе ја промени својата одлука.

Можете да прочитате

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него

Третина јапонски компании користат или размислуваат за воведување на ВИ роботи

„Балкан експлорер“ – луксузен воз што ги воодушеви Европа и Балканот