Утрински Весник
Свет

Шпанија од 7 јуни повторно ќе дозволи влез на крузери

Шпанија од 7 јуни повторно ќе дозволи влез на крузери

По скоро една година, крузерите од странство од 7 јуни повторно ќе можат да се закотват во шпанските пристаништа, објави шпанското Министерство за транспорт.

„Забраната за крузери, која стапи на сила на 23 јуни минатата година, ќе биде укината благодарение на подобрувањето на состојбата со пандемијата на коронавирус во Европа“, соопшти Министерството.

Крузерите, сепак, ќе мора да ги исполнат строгите здравствени услови, се вели во соопштението, а деталите ќе бидат објавени наскоро.

Причината за дозволување на кррузерите е првенствено затоа што патниците се претежно државјани на европски земји, каде е направен значителен напредок во однос на вакцинацијата, а бројот на нови случаи опаѓа со недели.

Можете да прочитате

Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан

Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

Трамп сака членките на НАТО да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана