Утрински Весник
Македонија

При претрес во Прилепско пронајдени пушка, муниција, рамки за автоматска пушка

При претрес во Прилепско пронајдени пушка, муниција, рамки за автоматска пушка

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и ОВР Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба извршија претрес во дом и помошни простории кај С.Т. (51) во с. Лажани, Прилепско.

При претресот се пронајдени три рамки за автоматска пушка, една воздушна пушка, 90 куршуми кал.7.62 x 39, 25 маневарски куршуми, ловни патрони.

Лицето со иницијали С.Т. е приведено во ОВР Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат надлежните.

Можете да прочитате

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители

МВР со акција во Кисела Вода: Запленети марихуана и дигитална вага

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати