Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на амфетамин во скопски Чаир

Приведен дилер на амфетамин во скопски Чаир

При претрес на патничко возило „голф“ управувано од 32-годишен скопјанец била пронајдена синтетичка дрога амфетамин, соопшти полицијата.

Според информации од МВР, денеска на територија на скопската населба Чаир полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога запреле патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, управувано Е.М. (32) од Скопје, кај кого била пронајдена синтетичка дрога амфетамин.

Е.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Ренџерите од Маврово го извлекоа повредениот планинар од Кораб

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ!

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија