Утрински Весник
Свет

Руски претставник во Советот за безбедност на ООН: Роман Протасевич беше неонацист

Руски претставник во Советот за безбедност на ООН: Роман Протасевич беше неонацист
Dik 300x250 mk

Уапсениот белоруски новинар Роман Протасевич беше член на украинскиот баталјон Азов, познат како неонацистички полк, поради тоа, за него беше распишана меѓународна потерница, изјави заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН, Дмитриј Пољански.

На прашањето дали Русија ќе побара ослободување на Протасевич, Полјански рече дека „тој навистина беше блогер, но пред тоа тој беше војник во Украина“, пренесуваат руските агенции.

“Тој се бореше во редовите на неонацистичкиот баталјон Азов, заедно со неонацистите и екстремните десничари. Верувам дека затоа белоруските власти распишаа меѓународна потерница за него”, рече Полјански.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз