На четврти јуни во 20 чaсот ќе започне четиринаесеттото издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотека на Северна Македонија.
Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола.
За првпат публиката ќе ужива во јапонските филмови, под ѕвездите, на отворено, во кината во Скопје и Битола.
Амбасадорот Савада Хиронори ќе ја отвори овогодинешната „Недела на јапонски филм“ во петок на четврти јуни во 20 часот во Кинотека на Северна Македонија.
Селекцијата на пет долгометражни филмови и четири стоп-анимации е од сите жанрови за сите возрасти.
Проекциите се бесплатни, но заради Ковид-19 протоколите, местата се ограничени. Задолжително е носење на маска за време на проекциите.
Во пордолжение е наведен краткиот распоред на програмата:
Кинотека на Северна Македонија
04.06.2021 Петок – „Покажи ми го патот до станицата“
05.06.2021 Сабота – „Ресторан од небото“
06.06.2021 Недела – „Само мачката знае“
07.06.2021 Понеделник – Стоп-анимации на Такеши Јаширо“
08.06.2021 Вторник – „Ручекот на тато“
09.06.2021 Среда – „Секој ден е добар ден“
Центар за култура – Битола
10.06.2021 Четврток – „Покажи ми го патот до станицата“
11.06.2021 Петок – „Ресторан од небото“
Текстот Недела на јапонски филм во Скопје и Битола е превземен од МАКФАКС.