Утрински Весник
Магазин

Стримувани филмови ќе може да се натпреваруваат за „Оскар“ и следната година

Стримувани филмови ќе може да се натпреваруваат за „Оскар“ и следната година

Организаторите на доделувањето „Оскари“ во четвртокот го поместија датумот на свечената церемонија во 2022 година на крајот на март, еден месец подоцна од првично планираното, и соопштија дека филмовите објавени на стриминг-плтформите повторно ќе бидат квалификувани за номинации.

Во соопштението на Академијата за филмска уметност се вели дека церемонијата на „Оскарите“ ќе се одржи на 27 март 2022 година во традиционалниот дом на шоуто во Холивуд. Првично церемонијата беше закажана за 27 февруари.

Академијата додаде дека поради пандемијата на коронавирусот, таа по втор пат ќе дозволи филмови кои биле снимени за прикажување во киносали но префрлени на стриминг-платформи, да бидат прифатливи за номинации.

Десетици филмови беа објавени на стриминг-услуги како „Дизни плус“, „ХБО макс“, „Нетфликс“ и „Амазон“ во изминатите 15 месеци, додека киносалите ширум светот беа затворени поради глобалната здравствена криза.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста