Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи

Сончево време со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 степени, информира УХМР.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во сабота и во недела во поголем дел од денот ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Можете да прочитате

Николоски: Почнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Грчки ловџија најден мртов во скопско Ново Село

ДС: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и и одговорност