Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор меѓу Заев и бугарскиот премиер – Дијалогот носи решенија

Телефонски разговор меѓу Заев и бугарскиот премиер – Дијалогот носи решенија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со новиот бугарски премиер, Стефан Јанев.

Како што информираат од владината прес-служба. Заев на соговорникот му го честитал изборот за претседател на службената Влада на Бугарија и му посакал плодна и успешна работа.

„Политичките лидери од двете страни имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори“, било заклучено при разговорот.

Двајцата премиери разговарале за севкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за взаемно прифатливи решенија.

Можете да прочитате

СДСМ: Малцинствата се македонски граѓани, Мицкоски ве лаже! 

17 возачи уапсени поради безобѕирно управување со моторно возило

(Видео) Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје