Утрински Весник
Македонија

Тројца албански државјани по налог на директор од Струга бесправно исекле 1.147 кубни метри дрва

Тројца албански државјани по налог на директор од Струга бесправно исекле 1.147 кубни метри дрва

Полицијата поднесе кривична пријава против С.М.(48) од струшкото село Мислодежда поради сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ и против албанските државјани В.Л.(35), Б.Т.(35), и А.Т.(26) поради сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“.

Како што информираат од МВР, пријавениот С.М., во својство на директор на правно лице од Струга, неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган.

Тие биле затекнати при нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан, општина Дебарца, по што биле приведени од страна на полициските службеници.

По преземени мерки, било констатирано дека од почетокот на оваа година бесправно исекле 1.147 метри кубни буково, дабово и индустриско дрво.

Со тоа, на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“-Охрид им предизвикале материјална штета од околу два милиони денари.

Можете да прочитате

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал