Утрински Весник
Свет

Пет лица се удавиле при обид да направат селфи во Индонезија

Пет лица се удавиле при обид да направат селфи во Индонезија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Петмина членови на едно семејство се удавиле кога паднала платформа на која се подготвувале да направат селфи, објави индонезиската полиција.

Семејството, вкупно 14 члена, се наоѓало на брегот на езерото Канди, туристичка дестинација во западниот дел на островот Суматра.

„Тие се обидувале да направат селфи на платформата, кога се случил инцидентот“, објасни шефот на локалната полиција, Јунаиди Нур, прецизирајќи дека по затворањето, местото веќе не било под надзор. Меѓу жртвите има и 17-годишник.

Спасувачките екипи ги извлекле телата и отворена е истрага за случајот, соопшти шефот на полицијата.

На почетокот на овој месец деветмина Индонезијци се удавија кога преполн брод потона во близина на островот Јава, бидејќи туристите сакале да направат селфи.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства