Утрински Весник
Култура

Операта „Аида“ од Џузепе Верди на отворено пред Националната опера и балет

Операта „Аида“ од Џузепе Верди на отворено пред Националната опера и балет

На 31 мај 2021, понеделник со почеток во 20:30 ч. на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет, ќе се изведе операта „Аида“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите.

Ремек делото „Аида“ е една од највеличествените оперски творби во музичката литература. Во музичка смисла „Аида“, според музиколозите е музичко чудо составено од мелодиска убавина и имагинативна оркестрација, накратко триумф на творечката имагинација. Овој пат, заради состојбата со пандемијата и пропратните протоколи, грандиозната „Аида“ е конципирана во поинакво руво, во скратена концертна верзија, со мошне внимателен избор на оркестарски и солистички фрагменти, притоа не нарушувајќи ја главната нитка на содршжинскиот набој.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев.

Настапуваат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Даниела Дјакова од Бугарија, Игор Дурловски, Владимир Саздовски, Марјан Јованоски, Александра Лазаревска Василевски, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Концерт-мајстор е Верица Ламбевска, одговорен за светло дизајнот e Милчо Александров. Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Во случај на лоши временски услови, можна е промена на датумот на одржување на претставата, известуваат од Националната опера и балет.

Текстот Операта „Аида“ од Џузепе Верди на отворено пред Националната опера и балет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“