Утрински Весник
Свет

(Видео) Родители му дозволиле на своето седумгодишно дете да го смени полот

(Видео) Родители му дозволиле на своето седумгодишно дете да го смени полот

Момче од Тексас родено како Истон денес е девојче по име Ела, а многумина веруваат дека нејзините родители побрзале со одлуката да му дозволат на своето дете да го смени полот.

Тие скоро секој ден се изложени на бројни критики на социјалните мрежи, а некои одат дотаму што ги нарекуваат „злоставувачи“.

„Кога Ела имаше две години, почна да покажува знаци дека не се чувствува пријатно во своето тело. Околу четири години, таа нè извести и вербално дека требала да биде девојче и се прашувала зошто излегла од мојот стомак како момче“, рече нејзината мајка и додаде:

„Еден ден удри во бањата со тупаница и рече: ‘Мамо, направи ме девојче’. Тогаш знаев дека мора да направиме нешто. Во секој случај, јас и мојот сопруг ја поддржуваме нејзината транзиција, без оглед на тоа што секојдневно се соочуваме со осуди“, истакна госпоѓата од Тексас.

Нејзиниот татко рекол дека единствената цел во животот му е неговото дете да биде среќно и дека не го интересира ништо друго, пренесува „Објектив“.

„Сè што сакам е моето дете да биде здраво и среќно. Точка. Ако ова е потребно за Ела да биде среќна, тогаш нека биде така“, додаде тој.

Ако, пак, Ела се премисли еден ден и сака повторно да биде момче, нејзините родители тврдат дека би ја поддржале и во таа намера и би и дозволиле повторно да го смени полот и да биде она што била веднаш по раѓање.

Текстот (Видео) Родители му дозволиле на своето седумгодишно дете да го смени полот е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија