Утрински Весник
Свет
Img 7972

Навални ги тужеше затворските власти затоа што ги цензурираат неговите книги и весници

Руски власти: Навални закрепна од штрајот со глад, сега има 82 килограми
Dik 300x250 mk

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска се појави на сослушување преку видеоврска, бидејќи ги тужеше на суд затворските власти дека незаконски му ја ограничуваат испораката на книги по негов избор и му ги цензурираат весниците што ги чита.

Затворската установа изјави пред судот дека сите постапки ги спроведува во согласност со рускиот закон, пренесува „Ројтерс“.

Навални во април рече дека го тужел затворот затоа што не го добил Куранот што го побарал на почетокот на Рамазанскиот пост.

Рускиот опозиционер рече дека не добил пристап до ниедна книга што ја донел или нарачал во текот на изминатите месеци во затвор, бидејќи сите треба да бидат прегледани заради екстремизам, за што затворските власти изјавија дека им требаат три месеци.

Во февруари, судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор под обвинение дека ја прекршил условната казна за време на закрепнувањето од труење во Германија, за кое ги обвинува руските власти.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија