Утрински Весник
Спорт

Антонио Конте заминува од Интер

Антонио Конте заминува од Интер

Антонио Конте, во наредните 48 часа, ќе го напушти Интер, тврди „Газета дело Спорт“. Конте, сезонава го предводеше Интер до првата шампионска титула во Серија А, по пауза од 11 години.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Конте и клубот немаат исти амбиции и планови на Конте за наредната сезона. Конте бил разочаран што клубот отстапува од договорените планови.

Слична информација објави и познатиот новинар Фабрицио Романо. Според новинарот, Конте не се согласува со клупските планови, да бидат продадени одредени фудбалери.

Антонио Конте го презеде Интер во јуни 2019 година, успеал да забележи 64 победи на 102 натпревари.

Доколку навистина замине од клубот, медиумите со Интер поврзуваат неколку тренери: Макс Алегри, Маурицио Сари, Синиша Михајловиќ и Симоне Инзаги.

> Антонио Конте заминува од Интер <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување