Утрински Весник
Македонија

Родители со закани сакале да спречат синот да биде казнет за неносење маска

Кривична пријава за инспектор кој, поради несовесно работење, го оштетил буџетот на МВР

Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие казниво по Кривичниот законик.

На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице кое не носело лична заштита на лицето.

Тој одбил да се легитимира. Во тој момент дошле неговите родители кои го повлекле назад и започнале да им се закануваат на полициските службеници.

Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи Судот да изрече условна осуда со утврдување на казна затвор од по три месеци која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година.​

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица