Утрински Весник
Свет

Вашингтон бара втора фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Вашингтон бара втора фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Американскиот секретар за здравство, Хавиер Бесера, во видеопорака подготвена за годишниот состанок на Светската здравствена организација на министерско ниво рече дека на меѓународните експерти треба да им се овозможи да го проценат изворот и раниот период на заразата, пренесува „Ројтерс“.

„Втората фаза на студијата мора да биде иницирана со проектна задача која е транспарентна, заснована на наука и им обезбедува на меѓународните експерти независност на целосен пристап до изворот на зараза и раната фаза на епидемијата“, рече Бесера.

Бесера не ја спомна директно Кина, каде што во декември 2019 година беа регистрирани првите случаи на Ковид-19 кај луѓе.

Претходно медиумите објавија дека американските разузнавачки служби имаат информации што можат да фрлат ново светло на потеклото на коронавирусот.

Тројца истражувачи од Институтот за вирологија во Вухан побарале болничка нега во ноември 2019 година, еден месец пред Кина да ги пријави првите случаи на Ковид-19, пишува американскиот дневен весник „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извештајот на разузнавачките агенции на САД.

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар