Утрински Весник
Свет

Австрија забранува посети од Велика Британија поради индискиот вид коронавирус

Австрија забранува посети од Велика Британија поради индискиот вид коронавирус

Австрија забранува директни летови и туристички посети од Велика Британија поради распространетоста на многу заразната варијанта на коронавирусот, која за прв пат беше откриена во Индија, соопшти австриското Министерство за здравство.

Велика Британија е додадена на австриската листа на земји со варијанти на коронавирусот и на тој начин им се придружи на Бразил, Индија и Јужноафриканската Република, од кои пристигнувањата се дозволени само во ограничен број.

„Во суштина, само австриските државјани и луѓето кои имаат постојан или вообичаен престој во Австрија можат да влезат во земјата“, рече Министерството, додавајќи дека влезот исто така ќе биде дозволен од хуманитарни причини или за посети од национален интерес.

Тие истакнаа дека иако правилата за имиграција стапуваат на сила, забраната за директни летови ќе стапи на сила на 1 јуни. Изјавата се повикува на Светската здравствена организација и на Јавното здравство на Англија, кои ја класифицираа варијантата Б.1.617.2, најнапред откриена во Индија, како причина за загриженост.

Бројот на заразени лица во Велика Британија расте, но вкупната инциденција е сè уште мала и бројот на заразени кои се во болница минатата недела е најмал од септември. Жариштата на варијантата Б.1.617.2, сепак, рапидно растат.

Овој потег на Австрија следеше по сличен потег на Германија, која во петокот рече дека ја прогласува Британија за регион на вирусни варијанти. Австрија има мал број случаи на индискиот вид, а од неодамна и мал број на заразени воопшто.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина