Утрински Весник
Спорт

Флик ќе биде селектор на Германија

Флик ќе биде селектор на Германија

Ханс-Дитер Флик, поранешниот тренер на Баерн Минхен, потврдил дека наскоро ќе ја официјализира соработката со Фудбалскиот сојуз на Германија. Флик, ќе стане селектор на Германија, по завршувањето на ЕУРО 2020.

Флик, направи фудбалска револуција со Баерн. За 18 месеци, со Баварците два пати ја освои Бундес лигата, минатата сезона стана европски првак.

Тој потврдил дека на почетокот на овој месец, постигнал устен договор со челниците на националниот Сојуз и се обврзал дека ќе го наследи Јоаким Лев на функцијата.

„Да разговарав со Сојузот. Сите знаат што чувствувам кон националниот тим. Треба да средиме уште неколку ситини детали пред договорот да стане официјален“, рекол Флик.

Флик, во 2014 година, му беше помошник на лев, кога Германија во Бразил стана светски првак.

> Флик ќе биде селектор на Германија <

Можете да прочитате

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ