Утрински Весник
Свет

Маж паднал во скулптура на диносаурус и загинал

Маж паднал во скулптура на диносаурус и загинал

Шпанската полиција ја истражува смртта на 39-годишен турист чиешто тело било пронајдено во скулптура на диносаурус во предградие на Барселона.

Како што јави Би-Би-Си, полицијата го пронашла телото на мажот откако граѓаните пријавиле дека смрдеа се шири од скулптурата.

Станува збор за човек чиешто исчезнување било пријавено, а според првичните информации нема индиции дека станува збор за убиство.

Полицијата верува дека мобилниот телефон на човекот паднал во скулптурата и дека тој се обидел да го извади. Потоа паднал, останал да виси наопаку и не можел да побара помош, по што починал. Скулптурата е отстранета од јавната површина, а ќе се изврши и обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Можете да прочитате

Тешка несреќа со трамвај во Милано – загина најмалку едно лице

Бебе преживеа пад од 33 метри висина

ММФ одобри нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари