Утрински Весник
Спорт

Менување дресови е вообичаено, но менување јакни? Само со „Ел локо“ Биелса

Менување дресови е вообичаено, но менување јакни? Само со „Ел локо“ Биелса

Марсело Биелса на многу начини влијаеше на англиската Премиер лига оваа сезона, воодушевувајќи со напаѓачкиот фудбал со неговите Лидс јунајтед, а очигледно толку големо влијание оставил и на другите менаџери, што почнаа да му ги бараат јакните!

На вчерашниот меч со Вест Бромвич Албион, клуб кој веќе е второлигаш, Лидс победи со 3:1, а по крајот на менот, Семи Ли, помошникот тренер во ВБА ја побара неговата јакна.

Лидс, со својот стил на фудбал, успеа да влезе во горната половина на Премиер лигата, на деветто место, пред клубови како Евертон, Астон вила и Вулверхемптон.

> Менување дресови е вообичаено, но менување јакни? Само со „Ел локо“ Биелса <

Можете да прочитате

Омерагиќ нов претседател на ФФМ

Во Битола финални дуели од државното првенство во бокс

Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат