Утрински Весник
Македонија

Пронајден канабис во Карпош, приведено едно лице

Пронајден канабис во Карпош, приведено едно лице

Полицијата го приведе Н.С.(39) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„Полициските службеници, постапувајќи по претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје 1 при претрес во домот на пријавениот во Карпош пронашле саксии со канабис и импровизирана просторија за одгледување на канабис“, соопшти МВР.

По документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

УЖАС: Цели девет месеци силувал дете под 15 години во Куманово

Земјотрес попладнево во Македонија, епицентарот на 13 километри од Охрид