Утрински Весник
Македонија

Сончево време за продолжениот викенд, од вторник услови за дожд

Сончево време за продолжениот викенд, од вторник услови за дожд

Времето викендов и во понеделник за време на празникот „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде претежно сончево, додека веќе од вторник се очекува дожд во попладневните часови.

УХМР јави дека времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До понеделник ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Од вторник ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи во попладневните часови, соопшти УХМР.

Можете да прочитате

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт