Утрински Весник
Свет

Иранската војска претстави нов воен дрон со назив „Газа“

Иранската војска претстави нов воен дрон со назив „Газа“

Иранската револуционерна гарда (IRGC) презентира пред јавноста нов борбен дрон, кој го носи називот „Газа“ во чест на Палестинците.

Лидерот на Револуционерната гарда на исламистичкиот режим, генерал-мајор Хусеин Салами во изјавата рече дека беспилотното летало е наречено „Газа“ со цел да им оддаде почит на оние кои денес се борат против ционистичката инвазија и агресија.

Иран се смета за главен непријател на Израел. Иако е санкционирана од голем број меѓународни добавувачи на опрема, земјата стана една од водечките производители на воени беспилотни летала, често користејќи технологија ископирана од соборените американски дронови.

Соединетите држави и Израел минатиот месец формираа работна група која се фокусира токму на развојот на беспилотни летала и прецизни проектили од страна на Иран и неговите сојузници.

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Внимателно ќе ја анализираме ситуацијата