Утрински Весник
Свет

Руските власти предлагаат на приврзаниците на Навални да им се забрани учество на избори

Руските власти предлагаат на приврзаниците на Навални да им се забрани учество на избори

На соработниците и приврзаниците на затворениот руски дисидент Алексеј Навални ќе им биде забрането да учествуваат на руските избори доколку биде изгласан законот предложен од владејачката партија „Единствена Русија“.

Според предлогот, членови и приврзаници на организации прогласени за екстремистички или терористички нема да смеат да учествуваат на изборите.

Руските власти веќе ги додадоа регионалните тимови на Навални на списокот на екстремистички организации пред објавувањето на пресудата на судот.

Предложениот закон треба да важи само за парламентарните избори закажани за септември. Сепак, државната новинска агенција ТАСС објави дека се направени измени за да се опфатат сите избори во земјата. Сојузниците на Навални неодамна постигнаа добар резултат на регионалните избори.

Опозицијата ја обвинува владејачката партија дека го користи законот како средство за зачувување на нејзината моќ. Според законот, забраната за учество на избори ќе важи и за лица кои го поддржуваат Навални или донираат пари на неговите организации.

Московскиот суд моментно одлучува по барањето на тужителите, Фондацијата за борба против корупција на Навални да биде прогласена за екстремистичка.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија