Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ја погоди југозападна Кина

Силен земјотрес ја погоди југозападна Кина

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во југозападна Кина во близина на границата со Мјанмар, но засега нема информации за повредени.

Според Американскиот геолошки институт, земјотрес од оваа јачина може да предизвика материјална штета, пренесе агенцијата АП.

Епицентарот бил на длабочина од десет километри, на оддалеченост од околу 28 километри од градот Дали, во провинцијата Јунан.

Станува збор за плиток земјотрес, а ваквите земјотреси честопати можат да предизвикаат поголема штета, особено во густо населени области, велат експертите.

Оваа област инаку е позната како сеизмичко подрачје.

Минатата година бил регистриран земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, во кој загинале четири лица, а 23 биле повредени, покажуваат податоците на кинескиот центар за земјотреси.

Можете да прочитате

Мелони: Не смее да има патарина за премин низ Ормускиот теснец

(Видео) Работник запали магацин во САД: Требаше подобро да нѐ плаќате

Брод со мигранти потона во Ламанш, четири лица загинаа