Утрински Весник
Спорт

И Златан се вклучи во добротворната акција за малиот Гаврило

И Златан се вклучи во добротворната акција за малиот Гаврило

По Кристијано Роналдо, Лео Меси и други фудбалски ѕвезди, и Златан Ибрахимовиќ се вклучи во добротворната акција за осмогодишното бебе од Крагуевац, Србија, Гаврило Ѓурѓевиќ, кој страда од мускулна атрофија и потребни му се 2.5 милиони евра за терапија.

Дресот со автограм на Ибрахимовиќ е со почетна цена од 500.000 српски динари, а аукцијата трае до 28 мај, откако дресовите на Роналдо и Меси донесоа 2.400.000 динари.

Покрај овие тројца во акцијата се вклучија и четири фудбалери на Наполи – Калиду Кулибали, Дрис Мертенс, Диего Деме и Никола Максимовиќ, како и Лука Модриќ, Един Џеко, Миралем Пјаниќ, Анте Ребиќ, Марко Рог и Душан Влаховиќ.

> И Златан се вклучи во добротворната акција за малиот Гаврило <

Можете да прочитате

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0

Радовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елита 

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција