Утрински Весник
Свет

Путин: Русија е единствената земја во светот што обезбедува технологија за производство на вакцини

Путин: Русија е единствената земја во светот што обезбедува технологија за производство на вакцини

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е единствената земја во светот што обезбедува технологија за производство на вакцина против коронавирус.

Како што рече, Русија успеа многу брзо да развие три вакцини против вирусот, а наскоро ќе излезе и четвртата „Спутник лајт“.

„ Покрај тоа, производството на вакцината „спутник В“ е успешно лансирано и во Белорусија и во Казахстан“, потсети тој за време на состанокот на повисокиот евроазиски економски совет.

Тој додаде дека сегашниот почеток на производството на оваа вакцина се разгледува во Ерменија и Киргистан, пренесува „Спутник“.

Инаку, еднокомпонентната вакцина против вирусот, „Спутник лајт“, направена од Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, е последната во серијата регистрирани во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти.

Србија исто така започна да ја пакува руската вакцина „Спутник В“, а почетокот на производството беше најавено за 20 мај (вчера), додека првите дози треба да излезат од Институтот „Торлак“ помеѓу 5 и 10 јуни.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци