Утрински Весник
Македонија

Хрватски експерименти: Нема заразени од свадбата !

Svadba

Хрватскиот национален штаб за цивилна заштита на прес-конференција ги објави резултатите од два т.н. „Хрватски експерименти“.

Со оглед на подобрата епидемиолошка состојба, хрватските експерти решија да направат експеримент, сличен на оној во Шпанија каде беше организиран концерт, на кој присуствуваа посетители негативни на коронавирус или вакцинирани.

По концертот, 15 дена, се покажа дека бројот на заразени е скоро незначителен, што практично значеше дека претходните предупредувања на експертите дека коронавирусот се пренесува помеѓу масите многу брзо и многу – паѓа во вода.

Бидејќи Хрватска организираше сличен експеримент, но со венчавка и деловен форум, резултатите беа објавени денес.

„Имаме резултати“, беше речено на денешната прес-конференција.

Во првиот експеримент – деловен настан, во кој имаше 86 луѓе кои примиле две дози на вакцина, сите учесници направија PCR-тест и сите се негативни.

Во вториот проект, на свадбата, одржана на 15 мај, учествуваа 25 лица кои биле вакцинирани со две дози, од кои 27 биле со прележан ковид-19 и 58 од нив со негативен тест.

„Тие беа тестирани вчера и немаме никакви позитивни резултати. Ова ни покажува дека немало инфекција на вакви настани. Ние веќе имаме такви резултати објавени во светската литература, за да видиме како можноста новиот инструмент, вакцината , совладан и тестиран, ни овозможува да собереме луѓе по стариот нормален живот. Ова е доказ дека на овој начин, ако ги оставиме само оние што биле вакцинирани, оние кои поминале ковид-19 или биле тестирани, ние можеме да организира вакви настани“, рече Крунослав Цепак директор на Институтот за јавно здравје.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон