Утрински Весник
Свет

Израел го прифати предлогот за примирје

Израел го прифати предлогот за примирје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вечерва израелскиот безбедносен кабинет ја прифати одлуката за прекин на огнот во Газа, пренесе „Џерусалим пост“.

Не е прецизирано кога примирјето ќе стапи на сила, а „Канал 12“ известува дека треба да започне во 2 часот по локално време.

Состанокот на израелскиот безбедносен кабинет го свика премиерот Бенјамин Нетанјаху. Средбата заврши по три часа.

Контрадикторни извештаи за можен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас се појавија во текот на неделата.

Во средата, високиот официјален претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, рече дека очекува прекин на огнот за еден или два дена.

Водечките светски претставници работеа на запирање на насилството, додека израелскиот безбедносен кабинет разговараше за деталите за воспоставување мир.

Египетски извор од безбедносните сили, чија земја посредуваше меѓу завојуваните страни, рече дека тие во принцип се согласиле да ги запрат непријателствата, но дека треба да се разработат детали.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј