Утрински Весник
Свет

Би-би-си се извини за интервјуто со принцезата Дајана

Би-би-си се извини за интервјуто со принцезата Дајана

Би-Би-Си денеска понуди извинување за интервјуто со принцезата Дајана, кое беше емитувано во 1995 година, по истрагата што доведе до заклучок дека Би-Би-Си не успеала да постигне високи стандарди на интегритет, поради начинот на кој ја убедила принцезата Дајана на тоа интервју.

Исто така, утврдена е вина кај новинарот Мартин Башир за измама, бидејќи истрагата открила дека Башир го убедил братот на Дијана, Чарлс Спенсер, да му го претстави на својата сестра покажувајќи му лажни банкарски изјави, објави „Ројтерс“.

„ Би-Би-Си не може да го врати часовникот по четвртина век, но може да се извини целосно и безусловно. Би-Би-Си го нуди тоа денеска“, рече генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви.

Можете да прочитате

По тешкиот пораз Мерц најавува осврт на „темелните прашања“

Двајца кинески генерали исклучени од армијата и од Комунистичката партија

Погоден танкер во Ормуска Теснина