Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Фјури до Џошуа: Ајде да се бориме викендов, без ракавици!

Фјури до Џошуа: Ајде да се бориме викендов, без ракавици!
Dik 300x250 mk

Британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се „закачија“ на Твитер откако овој првиот го прозва противникот дека е манипулатор кој го изневерил боксот.

Зборовите на Џошуа доаѓаат откако арбитражниот суд во САД нареди Фјури најпрво да оди во ринг со Дионтеј Вајлдлер, пред да влезе во мечот за обединување на појасите.

Фјури е шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, додека Џошуа ги има појасите во верзиите ВБО, ИБФ, ВБА и ИБО.
Џошуа му порача на противникот:

„Тајсон Фјури, светот виде каков лажго си. Го изневери боксот, ги лажеше навивачите и ги водеше во погрешна насока. Го користеше моето име за јакнење на своето влијание, а не за да се бориш“.

Следуваше експресен одговор од Фјури:

„Џошуа, полн си со ср.ња. Твојот тим беше свесен дека постои арбитража. Ако мислиш дека сум манипулатор, да се најдеме викендов и да се бориме без ракавици се додека едниот не се предаде. Ќе вложиме по 20 милиони и двајцата“.

Џошуа на ова прокоментира:

„Ти си добро момче, не си играј со мене. Ќе те исшамарам по ќелавата глава“.

Но тука не застанаа, Фјури повторно во свој стил:

„Молим те дојди и пробај да ме удриш. Прво ќе го претепам Вајлдлер, па доаѓам по тебе“.

> Фјури до Џошуа: Ајде да се бориме викендов, без ракавици! <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион